Lancôme Absolue Longevity MD Intercept The Cream Refill рефил за крема за спречување знаци на стареење 50ml

8.560,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3614274801330

Што ако можеш да ја избереш твојата возраст?
Откриј ја новата Absolue Longevity MD, првата проактивно персонализирано реешение за долговечност на кожата, која ќе ја врати видливата биолошка возраст на кожата, во секоја животна фаза. Одбери го твојот протокол: [Рана возраст] Anticipate – [Средна возраст] Intercept – [Зрела возраст] Reset [Mid-age]

[Средна возраст] Intercept The Cream. Оваа крема за долговечност од новата генерација, проактивно ги спречува знаците на стареење штом се појават. Формулирана со Mitopure® by Timeline (logo) и додаток Urolithin-A, суплемент за долговечност кој го препорачуваат и докторите, сега во напредна нега за кожата1.
+86% поттикнување на енергијата на клетките2
+257% поттикнување на биогенеза на митохондриите3
Видливата биолошка возраст на твојата кожа, единствената возраст која можеш да ја вратиш. 92 % од жените ја виделе својата кожа помлада отолку што е.4

1 На база на IQVIA студија, декември 2025, 21 американски доктор кои се изјасниле како доктори за долговечност. 
2 Ин витро тест, кератиноцити
3 Ин витро тест, клетки на површината на кожата
4 Самопроцена, 61 лице по 3 месеци

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

Што ако можеш да ја избереш твојата возраст?
Откриј ја новата Absolue Longevity MD, првата проактивно персонализирано реешение за долговечност на кожата, која ќе ја врати видливата биолошка возраст на кожата, во секоја животна фаза. Одбери го твојот протокол: [Рана возраст] Anticipate – [Средна возраст] Intercept – [Зрела возраст] Reset [Mid-age]

[Средна возраст] Intercept The Cream. Оваа крема за долговечност од новата генерација, проактивно ги спречува знаците на стареење штом се појават. Формулирана со Mitopure® by Timeline (logo) и додаток Urolithin-A, суплемент за долговечност кој го препорачуваат и докторите, сега во напредна нега за кожата1. Mitopure® е 98.5% чист и микронизиран облик на Urolithin-A, за кој е докажано дека го стимулира процесот на рециклирање на митохондриите и е препознаен како моќен подмладувач на клеточните батерии, кој поддржува долговечност на кожата.
+86% поттикнување на енергијата на клетките2
+257% поттикнување на биогенеза на митохондриите3

За таргетирана ефикасност, Mitopure® е комбиниран со нова заштитена и единствена Intercept состојка™. Покренат со состојката LHA, овој заштитен комплекс за долговечност спојува Matrixyl, ниацинамид и Rose Pro-Xylane™ со таурин, како би се решиле клучните клеточни потреби според видливата биолошка возраст: структурната мрежа на твојата кожа.
Видливата биолошка возраст на твојата кожа, единствената возраст која можеш да ја вратиш. Докажани резултати на видливи маркери на стареење: 3 типа на брчки4, а сега и на невидливите маркери на стареење: +4 милиони нови површински клетки дневно5.

1 На база на IQVIA студија, декември 2025, 21 американски доктор кои се изјасниле како доктори за долговечност. 
2 Ин витро тест, кератиноцити
3 Ин витро тест, клетки на површината на кожата
4 Клиничко оценување на брчките околу очите, назолабијалните брчки и брчките на челото, 81 лице по еден месец 
5 Инструментален тест, 31 лице по 22 дена 

ГЛАВНА ПРИДОБИВКА:
Делува против брчки.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
НАНЕСУВАЊЕ (Чекор 1) Нанеси едно испумпување од Intercept The Cream во дланката. За активно да ја поддржиш долговечноста на кожата, нежно измазни преку градите и лицето користејќи нежни лизгачки потези.
ГРАДИ И ВРАТ (Чекор 2) Користејќи ги зглобовите на прстите, примени длабок притисок долж градите и вратот како би поттикнала мазност на кожата, цврстина и да спречиш појава на брчки на вратот.
БРАДА И НАЗОЛАБИЈАЛНИ ЛИНИИ (Чекор 3) Користејќи го врвот на прстите, ритмично измазнувај ја кожата од долу кон горе долж брадата и назолабијалните линии, помагајќи во видливо намалување на брчките и фините линии.
ВЕЃИ (Чекор 4) Нежно штипкај ја кожата над веѓите помеѓу палецот и показалецот, а потоа нежно виткај ја со движења напред-назад за да помогнеш во отстранување на тензијата и да ги измазниш брчките на челото.
ЧЕЛО (Чекор 5) Масирај го челото со бавни, кружни движења, поминувајќи напред-назад преку целиот предел, како би поттикнале опуштање и подобрување на изгледот на мимичните брчки.
ФИНАЛНО ЛИЗГАЊЕ (Чекор 6) Полека лизгај ја раката од челото надолу кон градите, како би ја смирила кожата, оставајќи младешки сјај и длабоко чувство на благосостојба, со што го завршуваш протоколот на долговечност.

Lancôme Нега за Кожа

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.