Lancôme Absolue Crème Riche ревитализирачка и осветлувачка дневна крема за лице 60мл
20.080,00 ден
Богата крема за лице со уникатна трансформирачка текстура, која видливо ги намалува брчките и фините линии, истовремено подмладувајќи ја кожата со цврстина, сјај и 24 часовна хидратација. Направена со ексклузивна мешавина од екстракти од рози (Lancome Rose™, Centifolia Rose и Rose Damascena), оваа крема видливо ја ревитализира кожата со влажност и цврстина. Нејзината уникатна текстура нуди сензоријално патување како што се трансформира: од густа хидратантна крема до лесен лосион како серум, до густ слој кој ја пополнува кожата со влажност. Брчките и фините линии се видливо намалени, а кожата е помазна, посветла, посјајна, поизедначена и со подмладен изглед. Обновата на површинските клетки на кожата е подобрена, а бариерата на кожата заштитена.
Начин на користење:
Нанеси рамномерен слој на чиста и сува кожа. Пред нанесувањето, кремата има густа текстура. Како што се нанесува, текстурата на кремата се трансформира во текстура налик серум која лесно се апсорбира во кожата. Како се впива во кожата, текстурата се згуснува и кожата добива поизедначен и хидриран изглед со блескав завршеток.
Главни придобивки:
Против стареење, осветлува, обновува.
Каков тип проблем таргетира:
– Ефективно потхранува и ја ревитализира кожата
– Ја прави кожата поцврста и позатегната, ги намалува брчките и ситните линии
– Го изедначува тонот на кожата и обезбедува здрав и сјаен изглед
– Ја штити кожата од сушење и непријатно затегнато чувство
– Ја одржува кожата мека, еластична и хидрирана
– Лесно се апсорбира и остава чувство на удобност
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- За брендот
Lancôme
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.











