Lancôme Brow Define молив за веѓи
1.980,00 ден
Brôw Define Pencil е совршен молив од Lancôme за обликување на веѓите со водоотпорна формула. Постигнете ја вашата совршена форма на веѓи, со лесно и прецизно нанесување. Иновативната формула овозможува природен, но сепак уреден изглед на веѓите.
ПРЕДНОСТИ:
Двостран молив за веѓи, која со својата високата прецизност го олеснува исцртувањето на веѓите на посакуваниот начин, додека четката ви овозможува лесно да ги расчешлате и дефинирате вашите веѓи.
Начин на употреба:
За совршено дефинирани веѓи, со кратки отсечни движења нанесете од моливот од долниот раб на веѓата до горниот раб, за да ги пополните и следите влакната каде што недостасуваат. Со помош на четката на другиот крај на моливот нежно расчешлајте ги исцртаните области, за природен дефиниран изглед.
Рок на употреба (од отварање):24 месеци
Ефект (главни придобивки од производот)
природно дефинирани веѓи
- За брендот
Lancôme Шминка
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.












