Lancôme Confort Crème Mains хидратантна крема за раце со мед од акација и вода од роза 75мл
1.570,00 ден
- Не можете да додадете таа сума во кошничката & mdash; имаме 5 на залиха и веќе имате 5 во вашата кошничка. Погледни кошничка
- Не можете да додадете таа сума во кошничката & mdash; имаме 2 на залиха и веќе имате 2 во вашата кошничка. Погледни кошничка
Confort Crème Mains хидратантна крема за раце во практично пакување кое може да го носите насекаде со вас. Наменет е за нега и обновување на сува и оштетена кожа на рацете, поради постојана употреба на средства за дезинфекција. Confort Crème Mains содржи големо количевство на глицерин, багремов мед кој е познат по своите антибактериски и смирувачки својства како и вода од роза по која е познат Lancome. Вашите раце ќе бидат хидрирани и меки, а кожната бариера зајакната.
Нејзината текстура брзо се впива, не се лепи и мириса на култниот мирис на рози од Lancome.
• Интензивна и долготрајна хидратација и до 48 часа
• Зацврстена бариера на кожата – ја намалува загубата на вода до 26%
• Рацете се потхранети и меки на допир.
• Свеж мирис CONFORT- инспириран од розата на Lancome
• Практично пакување од 75мл – погодно и за патување со авион
Начин на користење:
Нанесете мала количина на горната страна на едната рака. Нежно масирајте, започнувајќи со најсувите делови на кожата: масирајте го горниот дел од рацете одделно, потоа нанесете на прстите, зглобовите и завршете со дланките. Нанесете на чисти раце или по употреба на средства за дезинфекција
- За брендот
Lancôme
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.






