Lancôme Définicils Mascara, 01 Noir Infini маскара за издолжување и дефинирање на трепките 6.5ml
3.020,00 ден
Маскарата Définicils овозможува разделување на трепките, формирање и дефинирање, создавање на подолги и убави трепки од коренот до врвовите без нивно згрутчување. Извитканите влакна на патентираната четка рамномерно ја нанесуваат маскарата по целата трепка од коренот до врвот. Маскара која им овозможува природен изглед на трепките.
Начин на употреба
Нанесете ја маскара од коренот на трепките до врвовите користејќи цик-цак движења. Кога нанесувате маскара на овој начин можете прецизно да ја насочите и совршено да распределите нејзината текстура на трепките.
Рок на употреба (од отварање) 6 месеци
- За брендот
Lancôme
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.





