Lancôme Eau Micellaire Douceur мицеларна вода со екстракт од роза за чистење на лице, очи и усни, за сите типови кожа 400мл
4.530,00 ден
Eau Micellaire Douceur нежно ја ослободува кожата од нечистотии. Мицеларната технологија овозможува темелно отстранување на шминката, притоа обезбедувајќи експлозија од свежина. Нејзината нежна формула може да се користи и за темелно отстранување на шминката од очите и усните.
Погодна е за сите типови кожа, дури и за чувствителна.
Начин на користење:
На памучен туфер, нанеси од мицеларната вода и помини со него низ целото лице за отстранување на нечистотиите.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- За брендот
Lancôme Нега за Кожа
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.








