-25%
Lancôme Hydra Zen Anti-Stress Glow хидратантен флуид за лице 50мл
Original price was: 4.180,00 ден.3.135,00 денCurrent price is: 3.135,00 ден.
Активниот начин на живот и дневните стресови на кожата како што се загадувањето, сувото време и други агресори од животната средина, можат да доведат до дехидратација на кожата, непријатност и губење на нејзиниот сјај.
Следната генерација на дневна хидратантна крема со аминокиселини на Lancôme, е формулирана за да ги намали видливите знаци на стрес. Кожата е ревитализирана, а нејзината заштитна бариера – зацврстена. Лесен течен флуид за лице збогатен со аминокиселини, алое вера, хијалуронска киселина и екстракт од роза.
Формулата е дизајнирана да ја:
– смири кожата и помогне во одбрана од надворешни агресори;
– задржи влагата за 24 часовна хидратација на кожата;
– обезбеди здрав изглед и сјај.
94% состојки од природно потекло.
Без алкохол и силикони.
Начин на користење:
Нанеси секое утро и/или навечер на претходно исчистено лице.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- За брендот
Lancôme
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.



















