Lancôme Hydra Zen дневна хидратантна гел крема за лице за сите типови кожа 30мл
2.220,00 ден
Безмасна хидратантна крема со гел текстура која ѝ обезбедува на кожата 24 часовна хидратација за видливо сјајна кожа.
Формула составена со хијалуронска киселина, салицилна киселина и амино киселини, овој лесен гел-навлажнувач обезбедува целодневна хидратација за здрав изглед и сјајна кожа. Гел крема која ја смирува кожата која е под стрес од влијанието на надворешните агресори и го намалува црвенилото. По 4 часа, лесната формула ја зголемува хидратацијата на кожата за 26%.
Како што хидрира, гел-кремата го подобрува сјајот и тонот на кожата, за кожа со здрав изглед. Безмасна гел текстура која дава чувство на удобност и свежина, без чувство на лепливост и масен изглед на кожата. Погодна за сите типови кожа. Тестирано под дерматолошка контрола.
Начин на користење:
Нанеси ја кремата наутро, на претходно темелно исчистена кожа. Комплетирај ја рутината со нежно тапкање низ целото лице со врвот на прстите. Користи ја секое утро за да добиеш блескав изглед на кожата, благодарение на нејзината фантастична текстура која лесно се апсорбира во твојата кожа.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- За брендот
Lancôme Нега за Кожа
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.










