Lancôme Hypnôse Eyeshadow палета сенки

5.010,00 ден

SKU: 1022

Lancôme ја претставува Hypnôse Eyeshadow палета сенки за очи со 5 сјајни нијанси со кои може да создадете природен до драматичен изглед на вашите очи. Формула со ислучително мека и кремаста текстура за лесна апликација која не се размачкува. Кадифена текстура која овозможува лесно мешање на сенките со кои се добива богата и хомогена трајност на бојата која не дава чувство на тежина на вашите очи.

Начин на употреба:

Подгответе го очниот капак за нанесување на сенките, нанесете ја сенката број 1 од Hypnose Eyeshadow палетата како подлога на целото око и под веѓата. За да го дефинирате горниот дел од очниот капак нанесете од сенката со број 2. Додадете интензитет и нагласете го вашиот изглед со сенката број 4 од палетата, додека сенката со број 5 може да ја користите и како ајлајнер која ќе ја нанесете со тенка четка по должината на вашето око. На крај нанесете ја сенката со број 3 како би го осветлиле окото со нанесување на сенката по средината на очниот капак.

 

Lancôme Шминка

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.