-40%

Lancôme La vie est belle L’Extrait de parfum

Price range: 4.185,00 ден through 7.365,00 ден

SKU: 1676

La vie est belle L’Extrait – моќен, но сепак нежен дует од роза и ирис pallida, засилен од длабочината на oud акорди, овековечени во златно шишенце.

Верен на флорално-гурманскиот потпис на La vie est belle, L’Extrait е најраскошната реинтерпретација на препознатливиот eau de parfum, креирајќи софистицирано и длабоко сензуално мирисно искуство со некои од најрафинираните состојки во палетата на парфимерите. Во горните ноти, смолата од цвет olibanum и акордот на темјан, додаваат зачинет пресврт на култното свежо и овошно отворање, помешувајќи бергамот и акорди од црвени овошја. Срцевината на композицијата содржи есенција роза која го оживува букетот, додека путерот од ирис pallida ја заокружува неговата софистицираност. За прв пат во La vie est belle, oud нотите носат дрвенест потпис на мирисот, но исто така и длабочина, богатост и мистерија на препознатливата трага која ја остава. Задржувајќи се како топла сензуална вибрација на кожата, оваа дрвенеста страна предизвикува волшебна зависност и дава невиден раскош на La vie est belle.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

 

Lancôme

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.