Sale
Lancôme L’Absolu Intimatte – кармин за усни
Original price was: 2.980,00 ден.1.570,00 денCurrent price is: 1.570,00 ден.
Lancôme L’Absolu Rouge Intimatte кармин за усни кој има нежна формула лесна за нанесување. Мат кармин збогатен со состојки кои ги негуваат и хидрираат вашите усни. Сега во ново луксузно пакување со боја на розово злато, и исконскиот златен прстен на дното. Долготрајна нежна, мат текстура со постојаност и до 12 часа. Дозволете им на хранливите состојки од роза да ги негуваат вашите усни и да им дадат нова димензија и боја во вашето секојдневие, но и во секоја посебна пригода.
Начин на употреба:
Започнете со нанесување на карминот од горната усна, од средишниот дел нанадвор. Повторете ја постапката и на долната усна, од едниот до другиот агол. За природен изглед, нанесете тенок слој од карминот и нежно натапкајте со врвот од прстите.
Ефект (главни придобивки од производот):
мат ефект природен изглед на усните
Рок на употреба по отварањето: 6 месеци
- За брендот
Lancôme Шминка
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.




























