Sale

Lancôme L’Absolu Rouge Drama Ink – течен кармин за усни

Original price was: 2.970,00 ден.Current price is: 1.560,00 ден.

SKU: 1286

Подгответе се за ново ниво на драма и удобност со L’Absolu Rouge Drama Ink, новите полу – мат течни кармини за усни на Lancôme.
Овој мат кармин им дава интензивна боја на вашите усни со само едно нанесување. Револуционерна формула на емулзија со вода и масло која е до 2 пати попигментирана и до 4 пати со полесна текстура од традиционалните кармини. L’Absolu Rouge Drama Ink новите кармини им даваат на вашите усни интензивна мат и долготрајна боја без чувство на затегање на усните. L’Absolu Rouge Drama Ink течниот кармин на Lancôme има патентиран апликатор за прецизно нанесување кој ја одредува и точната количина на кармин која треба да ја нанесете на вашите усни.

Како се користи:

1. Нанесете од течниот кармин за усни почнувајќи од врвот на усните (лакот на Купидон), па се до аголот на усните.

2. Повторете ја истата постапка од другата страна.

3. Нанесете од течниот кармин на долната усна од едниот до другиот крај на усните.

Рок на употреба по отварањето: 12 месеци

 

Lancôme Шминка

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.