Lancôme Ombre Hypnose Stylo кремаста сенка за очи

Price range: 1.810,00 ден through 2.560,00 ден

SKU: 1020

Долготрајна кремаста сенка за очи во форма на стик. Лесна кремаста текстура која се лизга по очните капаци и се задржува на нив, оставајќи рамномерен завршеток и неверојатно пигментирана боја која трае цел ден.

● Неверојатно пигментирана боја во текот на целиот ден
● Кремаста и удобна текстура
● Одлична трајност
● Рамномерен завршеток

Начин на користење:

Нанеси од кремастата сенка преку целиот очен капак за смел изглед. Производот може да се користи и како ајлајнер. Кога врвот од сенката повеќе нема да биде остар, одврти ја острилката од задната страна и наостри за повторно користење.

Lancôme Шминка

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.