Lancôme Rénergie H.C.F. Triple Serum серум со троен ефект за сите типови кожа

Price range: 4.890,00 ден through 10.270,00 ден

SKU: Не е достапно

Lancôme го претставува Rénergie H.C.F. Triple серумот. Нова ера на високоефективен производ за нега на кожа, кој значително придонесува за поголем волумен на кожата, намалување на брчките и темните флеки. Револуционерна формула во која се соединети три активни состојки кои се познати по своите комплементарни симултани ефекти врз знаците на стареење на кожата,  а кои досега се сметаа за некомпатибилни: хијалуронска киселина, витамин Ц + ниацинамид и ферулинска киселина. Секој моќен посебно, сега соединети во високоефективен серум за спречување на појавата на знаците на стареење кои делуваат слој по слој:

СЛОЈ 1: ГУБИТОК НА ВОЛУМЕН
СЛОЈ 2: БРЧКИ
СЛОЈ 3: ТЕМНИ ФЛЕКИ

ШТО ГО ПРАВИ РАЗЛИЧЕН

Многу ефективен, но грижлив.

Rénergie H.C.F. Triple серумот толку е ефективен, истовремено обезбедувајќи врвна нега, така што 9 од 10 жени* во САД, Франција и Кина, изјавиле дека би го замениле серумот кој го користат во својата рутина за Rénergie H.C.F. Triple серумот.

* 417 жени од Азија, Европа и САД по 4 недели користење, имаат намера да го сменат нивниот актуелен серум против стареење со Rénergie H.C.F. Triple серумот.

ШТО УШТЕ ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ЕФЕКТИВНОСТА ПРОТИВ ТЕМНИТЕ ФЛЕКИ И ИЗЕДНАЧУВАЊЕ НА ТЕНОТ НА КОЖАТА***:

ПО 2 НЕДЕЛИ: тенот на кожата е изедначен

ПО 4 НЕДЕЛИ: интензитетот на темните флеки е намален

ПО 8 НЕДЕЛИ: големината и бројот на темните флеки се видливо намалени

ЕФЕКТИВНОСТ НА ПРЕДЕЛОТ НА ВРАТОТ:

ПО 2 НЕДЕЛИ:  83% ПОМАЗНА КОЖА; 86% ПОМЕКА КОЖА

***Клиничко испитување спроведено на 45 жени.

Начин на користење:

1.При првото нанесување, притисни неколку пати додека не се истиснат трите формули од серумот.

2. Наутро и навечер, истисни две дози на дланката и помешај ги трите формули за да се соединат.

3. Нанеси на лицето и вратот со масирачки движења кон горе, од средината на лицето кон надвор. По апликација на серумот, нанеси ја својата омилена хидратантна крема. За оптимални резултати користи го заедно со Advanced Génifique линијата и во комбинација со крема со заштитен фактор.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци