Lancôme Rénergie H.P.N. 300 Peptide Cream хидратантна крема со ниацинамид против стареење 50мл

7.890,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3614273924061

Крема против стареење со хијалуронска киселина, 300 пептиди и ниацинамид, која помага во намалување на виснатост на кожата на лицето и темни дамки.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

КОЖАТА СЕ РЕГЕНЕРИРА ПОБРЗО, ДУРИ ИАКО СТАРЕЕШ 

Побрза обнова на клетките за жените на возраст од 40-59 години.*

За прв пат, Lancôme концентрира повеќе од 300 видови пептиди, хијалуронска киселина и ниацинамид, во една уникатна крема.
Во истражување, на жени помеѓу 40 и 59 години, кожата се обновува побрзо со Rénergie H.P.N. 300-Peptide Cream отколку без неа, докажувајќи дека кремата обезбедува простор за овозможување на кожата да се регенерира побрзо.

*Кога се користи хидратантната крема. 

ПРИДОБИВКИ
БРЧКИТЕ СЕ ПОНАМАЛЕНИ
– 86% велат дека нивната кожа изгледа помладо по 8 недели користење.*
– Ги пополнува брчките.
– Ја подобрува мазноста на кожата.
ЈА ТАРГЕТИРА ПОЈАВАТА НА ТЕМНИ ДАМКИ
– Докажани резултати на блескавост и изедначеност на тонот.
– Клинички испитувања спроведени на лица со дисколорација.ЛИЦЕТО И ВРАТОТ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОЗАТЕГНАТИ
– 89% велат дека нивниот врат го чувствуваат позатегнато и подигнато по 12 недели користење.*
– Кожата се чувствува позатегната и на деловите кои ја гуват цврстината, почнува да се покажува подобрување.
– Резултатите се забележливи со клиничките придобивки во еластичност и пополнетост.


*Базирано на самоевалуациски тест на 75 жени.
ШТО ДРУГО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ 
Кремата е спакувана во нов дизајн кој може повторно да се полни и надополнува.
Наменета за лицето и вратот. Тестирана под дерматолошки надзор.
Погодна за сите тонови и типови кожа, дури и најчувствителна.
ДИЗАЈН КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПОЛНИ
Оваа високо концентрирана формула е сместена во тегличка која може повторно да се полни.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
1. За најдобри резултати, користи ја оваа крема постојано како дел од твојата утринска рутина за нега на лицето.
2. Нанеси еднаш дневно на лицето, вратот и деколтето по чистење, тонирање и нанесување на серумот.
3. Нежно масирај ја кожата, користејќи мали кружни движења кон горе, додека кремата целосно не се впие во лицето.

Lancôme

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.