Lancome Rénergie Multi-Glow крема против стареење и враќање на сјајот на кожата 50мл
7.080,00 ден
Rénergie Multi-Glow Cream е експертски изработена да обезбеди блескав сјај на зрелата кожа.
- Опис
- За брендот
Опис
Реактивирај го природниот сјај на твојата кожа со Rénergie Multi-Glow. Нејзината унапредена формула комбинира ниацинамид и фракции од колагенски пептиди за да ја подобри цврстината на кожата, намалувајќи ги фините линии и брчки.
НАМАЛИ ГО ИЗГЛЕДОТ НА БРЧКИТЕ И НЕЕДНАКВИОТ ТОН НА КОЖАТА
ЗА САМО 4 НЕДЕЛИ:
92% констатирале дека кожата има здрав сјај*
88% констатирале дека кожата е поблескава*
ЗА САМО 8 НЕДЕЛИ:
Брчките се видливо намалени
Тонот на кожата е поеднаков
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
За природен сјај, користи ја Rénergie Multi-Glow кремата секојдневно на лицето и вратот. Започни со Rénergie H.C.F. Triple Serum и продолжи со Rénergie Multi-Glow Cream.
Дерматолошки тестирана и погодна за сите типови кожа, вклучувајќи ја и чувствителната кожа.
*Само-оценувачки резултати од 54 жени во период од 4 недели користење.
**Клинички истражување на 42 жени во период од 8 недели користење.
Lancôme
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.










