Lancôme Rénergie крема за лице против стареење и темни флеки со SPF 20, 50мл

7.610,00 ден

Достапност: Нема на залиха SKU: 3614273983600

Eфикасна крема против стареење. Откриј го ефектот против стареење со Rénergie дневната крема за лице, која во својата формула содржи хијалуронска киселина, природни пептиди од француски екстракт од ленено семе како резултат на биотехнологијата и заштита од сонце SPF20. Овие состојки имаат троен ефект врз кожата:
– Ги намалуваат брчките и фините линии;
– Ја прават кожата поцврста и еластична;
– Видливо ги намалуваат пигментните дамки.
Тестирана е и на чувствителна кожа. Формула која лесно се впива во кожата, го враќа нејзиниот природен сјај и ја прави свиленкасто мазна.

Начин на користење:

Секогаш нанесувај крема на претходно темелно исчистено лице. Користи ја наутро самостојно и/или после серумот против стареење.

Чекор 1: Нанеси од кремата по целото лице и вратот. Користи ги двете раце, а со нежни движења и масажа почни со нанесување од центарот на брадата нагоре по контурите на лицето, а потоа од под вилицата до дното на ушната школка, како и надолу по вратот.

Чекор 2: Продолжи со истите движења на лицето, избегнувајќи го пределот околу очите.

Чекор 3: Заврши со движењата од веѓите до челото.

Главни придобивки:

– Ги намалува брчките и фините линии
– Ја прави кожата поцврста и еластична
– Видливо ги намалува пигментните дамки

Каков тип проблем таргетира:

Против појава на знаци на стареење.

Рок на употреба (од отворање): 6 месеци

Lancôme Нега за Кожа

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.