Lancôme Teint Idole Ultra Wear Care&Glow коректор за лице со серум

2.740,00 ден

SKU: 1778

Повеќенаменски, хидрирачки коректор со серум, кој обезбедува 24 часа хидратација, средна надградлива покривност и природен, нежно сјаен завршеток.

Рок на употреба (од отворање): 6 месеци

Опис

Lancôme својот асортиман го проширува со Teint Idole Ultra Wear коректорот за лице со серум, потполно нов производ кој на кожата и дава сјај, ја надополнува активната нега на кожата и и овозможува средна до целосна покривност со хидратација до 24 часа. Ги прекрива несовршеностите на кожата, ја измазнува и ја остава кожата со природен сјај. Коректор кој во својата формула содржи 81% серумска основа, која лесно се впива и ја остава кожата мека и сјајна. 24 часовна хидратација, отпорен на вода и постојаност во текот на целиот ден, кој не се собира во пределот околу очите. Уникатен апликатор кој има зашилен врв, заоблена и рамна површина кој овозможува лесно нанесување. Креирајте го вашиот совршено природен изглед во комбинација со Teint Idole Ultra Wear Care & Glow течната пудра за лице.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
1 Чекор: Пронајдете ја својата совршена нијанса, или одберете посветла нијанса како би ги истакнале и осветлиле одредените црти на лицето, или потемна нијанса за природно контурирање на лицето.
2 Чекор: Користете го повеќенаменскиот апликатор за различни техники:
– покријте мозолчиња, темни дамки и црвенило;
– осветлете ги темните кругови;
– подигнете го обликот на очите;
– нагласи ги очите, носот, усните и јаготките
– контурирајте го лицето во саканите области, како би ги истакнале одредените црти на лицето.
3 Чекор: Создадете сопствена рутина – постигнете мат или сјајна кожа со вашите омилени производи на Lancome.

За негуван 24-часовен изглед, започнете ја вашата рутина со Advanced Génifique Yeux Light Pearl серумот за околу очи. Продолжете ја вашата рутина со La Base Pro базата за лице. Нанесете течна пудра Teint Idole Ultra Wear на изедначената површина на кожата на лицето.

ЕФЕКТ (ГЛАВНИ ПРИДОБИВКИ ОД ПРОИЗВОДОТ): 
коректор збогатен со серум, кој ја негува кожата и овозможува средна до целосна покривност со природно сјаен изглед.

Lancôme Шминка

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.