Lancôme Teint Miracle течна пудра

Price range: 4.080,00 ден through 4.290,00 ден

SKU: 1025

Откриј ја својата убавина одвнатре кон надвор со Teint Miracle.

Збогатена со природно добиена хијалуронска киселина и растителен глицерин во комбинација со екстракти од дрвото моринга, нејзината формула ѝ дава на кожата чувство на целодневна хидратација која го открива твојот внатрешен сјај. Искуси ја нејзината совршено лесна, прозрачна покривна моќ, која ѝ дава на твојата кожа изглед на свеж тен и природен здрав сјај.

Teint Miracle има висока концентрација на вода која овозможува постигнување резултати на беспрекорен сјај. По две недели, кожата изгледа похидрирана, ревитализирана и помека.

Lancôme Шминка

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.