Lancôme Tonique Confort смирувачки и хидратантен тонер за лице за сува и чувствителна кожа

Price range: 3.020,00 ден through 4.530,00 ден

SKU: 1964

Tonique Confort, најпознатиот лосион на Lancôme, сега со нова формула надополнета со чиста вода од Centifolia роза, инспириран од биотехнолошките хидроактиви (хиалуронска киселина и сквалан), кои и обезбедуваат на кожата двојно поголема ефикасност и хидратација и намалување на појавата на црвенило за 4 недели. Со 30 годишното искуство во истражувањето во невронауката, Lancôme нагласува дека стресот директно влијае на кожата: ја ослабува бариерата на кожата, што доведува до чувствителност и дехидрација.

За прв пат, Lancôme комбинира роза Centifolia и хидратантни активатори на кожата добиени од биотехнологијата: – Хијалуронска киселина, сега со 3 пати поголема концентрација; – Сквалан, добиен со формула со 97% природно потекло.

Подари му на твоето лице и кожа момент за релаксирање со новата формула на Tonique Confort, во комбинација со Hydra Zen хидратантната крема за лице. Твојата исконска хидро – смирувачка нега дома, за поудобна и поздрава кожа. Започни ја твојата рутина со новата формула на Tonique Confort, во комбинација со Hydra Zen гел кремата или Hydra Zen кремата за лице во зависност од твоите потреби, за оптимална хидратација, моментален смирувачки ефект, намалена појава на црвенило и чувствителност. Тестирано на сите типови кожа, вклучително и чувствителна кожа.

Начин на користење:

1. Стави мала количина од тонерот на памучен туфер и помини со него низ целото лице за помек и порафиниран изглед на кожата. Употребувај го наутро и навечер

2. Нанеси Hydra Zen крема за лице за поголема хидратација, моментален смирувачки ефект, намалено црвенило и чувствителност.

Главни придобивки:

Ја тонира кожата.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Lancôme

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.

AQUA / WATER / EAU • GLYCERIN • MALVA SYLVESTRIS FLOWER/LEAF/STEM WATER – MALLOW FLOWER/LEAF/STEM WATER • ROSA CENTIFOLIA FLOWER WATER • SQUALANE • SODIUM HYALURONATE • SODIUM HYDROXIDE • HYDROXYACETOPHENONE • CAPRYLYL GLYCOL • CITRIC ACID • ACRYLATES/C10-30 ALKYL ACRYLATE CROSSPOLYMER • POTASSIUM SORBATE • SODIUM BENZOATE • CHLORPHENESIN • PARFUM / FRAGRANCE (F.I.L. N70040628/1)