Lancôme Drama Liqui-Pencil Dramatic Eyeliner долготраен водоотпорен молив за очи 12g

1.980,00 ден

Погледни кошничка
SKU: 1453

Молив за очи со ултра пигментирана, 24 часовна долготрајна формула со гел текстура, која овозможува лесно нанесување со само еден потег.

Нанеси по должината на очниот капак што е можно поблиску до коренот на трепките. Доколку сакаш да постигнеш smokey изглед, изблендај го моливот веднаш по нанесувањето, бидејќи моливот има водоотпорна гел текстура која брзо се суши и фиксира.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Lancôme

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.