LancômeRénergie C.R.x. Triple Serum Set: Rénergie C.R.x. Triple Serum Retinol 50ml + Rénergie H.P.N. UVMUNE Cream SPF50 15ml + Rénergie Eye Cream 5ml

11.600,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3614274771374

Сет со рутина за нега на кожа кој содржи Rénergie CRx Triple Serum, дневна крема и крема за околу очи, за зачувување на кожата слој по слој.

Опис

Сет со рутина за нега на кожа кој содржи Rénergie H.C.F. Triple Serum, дневна и ноќна крема, како и крема за околу очи, за зачувување на кожата слој по слој.

ЗАЧУВАЈ ЈА КОЖАТА СЛОЈ ПО СЛОЈ. Откриј еластина, затегната, зацврстена и поеднаква кожа, намалени брчки и намалени темни кругови со оваа рутина за нега на кожа.

Rénergie C.R.x. Triple Serum Retinol 50ml
Rénergie C.R.x. Triple Serum Retinol не е само уште еден ретинол серум. Неговата уникатна формула со тројна доза ја комбинира моќта на чист ретинол, чист витамин Ц, смирувачки x-пептиди и церамиди. Оваа тројна доза од активни состојки видливо ја обновува кожата уште од првата вечер, овозможувајќи блескав и подмладен тен. 9 од 10 жени потврдиле дека кожата им е поубава утрото по користење на производот.

ТАРГЕТИРАНО ДЕЈСТВО НА ТРИ КЛУЧНИ ДЕЛОВИ
БРЧКИ: Ретинол, ѕвезда кога станува збор за негата на кожа против стареење, промовира обнова на клетките на кожата и го намалува изгледот дури и на најтврдокорните брчки.
ТЕМНИ ДАМКИ: Витамин Ц, моќен антиоксидант, ги осветлува темните дамки и го изедначува тонот на кожата, давајќи ѝ на кожата блескав и здрав изглед.
ТЕКСТУРА НА КОЖАТА: X-пептидите и церамидите ја смируваат кожата и промовираат нејзино обновување, кое влијае на нејзината текстура и еластичност.
Rénergie Eye Cream 5ml
Rénergie Eye Cream хидрира, осветлува и ја реенергизира кожата околу очите за помладешки изглед. Збогатена со хијалуронска киселина, кофеин и путер од семки од какао, кремастата формула се топи на кожата, обезбедувајќи 24 часовна хидратација. Со едно нанесување, контурите на очите се чувствуваат помеко и понегувано. По две недели, кожата околу очите изгледа помазно и се чувствува поцврсто. По една искористена тегличка, темните кругови се видливо намалени, перничињата по очите исто така, а контурата на очите е со помладешки изглед.
Rénergie H.P.N. UVMUNE SPF 50 Cream 15ml
За прв пат, високата УВ заштита се сретнува со нега против стареење со висок перформанс, благодарение на патентираната UVMUNE технологија со Meroxyl 400. Оваа моќна технологија ги таргетира најдолгите UVA зраци со SPF 50, за заштита од знаци на фото-стареење. Супер збогатена со 300 пептиди, хијалуронска киселина и ниацинамид, оваа иновативна формула нуди целосен спектар на дејство против стареење.
✓ ТЕМНИ ДАМКИ
✓ ОЛАБАВЕНОСТ НА КОЖАТА
✓ БРЧКИ

*Клиничко бодување, 49 жени.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Навечер, започни ја рутината за нега на кожа со  C.R.x. Triple Serum Retinol.
1. На првото нанесување, активирај со притискање неколку пати на пумпицата додека не се појават трите формули.
2. Испумпај 2 пумпици на дланката на раката или на врвот на прстите. Помешај.
3. Нанеси на лицето и на вратот, користејќи движења кон надвор. Продолжи со Rénergie Eye Cream на контурите на очите.

Lancôme Нега за Кожа

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.