M2 BEAUTÉ сет – Eyelash Activating Serum високоефективен серум за поттикнување раст на трепките 4ml + подарок Eyezone Conditioning Care Complex комплекс за нега на веѓите и трепките 2ml
8.920,00 ден
EYELASH ACTIVATING SERUM од M2 BEAUTÉ е високо-ефективен серум за трепки, кој промовира раст на трепките. Неговиот иновативен активирачки комплекс ги зацврстува трепките, им дава волумен и поттикнува нивен раст. Овој производ не само што содржи негувачки состојки, туку и високо-ефикасна состојка која ги зацврстува и стимулира активните, но исто така и не активните корени на трепките.
- Опис
- За брендот
Опис
M2 BEAUTÉ EYELASH ACTIVATING SERUM е моќен серум за трепки за максимални резултати и блескаво убави очи. Го зголемува бројот на трепките, ја пролонгира нивната фаза на растење и го зголемува интензитетот на бојата.
ДОБИЈ ГО ТОЈ GOLDEN HOUR СЈАЈ ЗА ДОЛГИ ТРЕПКИ, И ДОБИЈ БЕСПЛАТЕН ПОДАРОК!
Моментот кога сонцето е долу на небото, светлината станува помека и сè е облеано во топол, златен сјај, познат уште и како „златниот час“ или golden hour. Токму затоа, овој прекрасен дел од денот послужи како инспирација за M2 BEAUTÉ GOLDEN. HOUR. NOW. EYELASH ACTIVATING SERUM доаѓа со луксузен примерок од EYEZONE CONDITIONING CARE COMPLEX во 2ml, со вредност од околу 800 денари, како подарок. За поцврсти, понегувани трепки и веѓи.
ПРИДОБИВКИ:
Револуционерниот EYELASH ACTIVATING SERUM од M2 BEAUTÉ промовира раст, густина и интензивирање на бојата на трепките, во просек и до 50% само неколку недели по првата употреба.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
EYELASH ACTIVATING SERUM: Нанесувањето на серумот е многу едноставно, бидејќи производот се нанесува како обичен ајлајнер (туш). Со помош на нежната четка, нанесувањето на серумот е многу прецизно. Нанеси го серумот еднаш дневно, на сува, исчистена и не масна кожа на линијата на коренот на трепките. Користи го навечер, по чистење на лицето и остави го кратко да делува пред да продолжиш со вообичаените производи за секојдневна нега.
EYEZONE CONDITIONING CARE COMPLEX се нанесува како закрепнувачки серум наутро и/или навечер, на чисти и не масни трепки и веѓи. За впечатлив изглед на очите, серумот се нанесува секојдневно како потхранувачка база пред маскара. На веѓите има обликувачки ефект, ги скротува недисциплинираните влакна и им дава природен сјај.
M2 BEAUTÉ
Ефективен, иновативен и добро основан, M2 BEAUTÉ е специјалист меѓу луксузните брендови за убавина и е познат по своите моќни и високопотентни серуми, кои го докажаа својот ефект на згуснување, издолжување и нега. Врз основа на најновите истражувања во медицината и биохемијата, специјалистот за убавина, основан во 2008 година, развива револуционерни стимулатори за раст на веѓи, трепки и коса, како и нега за лице базирана на нанотехнологија. Портфолиото на брендот вклучува нега на очи, нега на лице и нега на коса, за автентично прекрасен изглед. Производите на M2 BEAUTÉ се тестирани во добро основани студии за нивната ефективност, како и компатибилност на кожата, и се во согласност со сите дерматолошки барања и козметички упатства на ЕУ. Тие се оценети како многу добриод страна на независни истражувачки институти и е докажано дека не содржат хормони, парабени и силикони. Производството се врши комплетно без тестирање на животни. Денес, брендот M2 BEAUTÉ е застапен во повеќе од 40 земји ширум светот и сè уште се стреми кон мисијата со страст и визионерски талент: ПРИРОДНО. УБАВИНА. СЕГА.







