M2 BEAUTÉ Eyelash Activating Serum високоефективен серум за поттикнување раст на трепките 4мл
8.920,00 ден
EYELASH ACTIVATING SERUM од M2 BEAUTÉ е моќен серум за трепки за максимални резултати и блескави прекрасни очи. Ги мултиплицира трепките, ја пролонгира нивната фаза на растење и ја засилува интензивноста на бојата.
- Опис
- За брендот
Опис
ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ:
EYELASH ACTIVATING SERUM од M2 BEAUTÉ е високо-ефективен серум за трепки, кој промовира раст на трепките. Неговиот иновативен активирачки комплекс ги зацврстува трепките, им дава волумен и поттикнува нивен раст. Овој производ не само што содржи негувачки состојки, туку и високо-ефикасна состојка која ги зацврстува и стимулира активните, но исто така и не активните корени на трепките.
ЕФЕКТ:
Ефектот на EYELASH ACTIVATING SERUM е веќе видлив по 6 до 8 недели. За природен изглед со впечатливи, долги и густи трепки. Првите видливи резултати на EYEBROW RENEWING SERUM вообичаено се појавуваат по 6 до 8 недели, со оптимален потенцијален раст постигнат околу 16-тата недела. За долготрајни резултати се препорачува повторно користење.
РЕЗУЛТАТИ:
Револуционерниот EYELASH ACTIVATING SERUM од M2 BEAUTÉ промовира раст, густина и интензивирање на бојата на трепките во просек од 50% по само неколку недели од првото нанесување.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесувањето на серумот е многу едноставно, бидејќи производот се нанесува како обичен ајлајнер (туш). Со помош на нежната четка, нанесувањето на серумот е многу прецизно. Нанеси го серумот еднаш дневно, на сува, исчистена и не масна кожа на линијата на коренот на трепките. Користи го навечер, по чистење на лицето и остави го кратко да делува пред да продолжиш со вообичаените производи за секојдневна нега.
M2 BEAUTÉ
Ефективен, иновативен и добро основан, M2 BEAUTÉ е специјалист меѓу луксузните брендови за убавина и е познат по своите моќни и високопотентни серуми, кои го докажаа својот ефект на згуснување, издолжување и нега. Врз основа на најновите истражувања во медицината и биохемијата, специјалистот за убавина, основан во 2008 година, развива револуционерни стимулатори за раст на веѓи, трепки и коса, како и нега за лице базирана на нанотехнологија. Портфолиото на брендот вклучува нега на очи, нега на лице и нега на коса, за автентично прекрасен изглед. Производите на M2 BEAUTÉ се тестирани во добро основани студии за нивната ефективност, како и компатибилност на кожата, и се во согласност со сите дерматолошки барања и козметички упатства на ЕУ. Тие се оценети како многу добриод страна на независни истражувачки институти и е докажано дека не содржат хормони, парабени и силикони. Производството се врши комплетно без тестирање на животни. Денес, брендот M2 BEAUTÉ е застапен во повеќе од 40 земји ширум светот и сè уште се стреми кон мисијата со страст и визионерски талент: ПРИРОДНО. УБАВИНА. СЕГА.







