Prada Paradoxe Hair mist мист за коса
3.250,00 ден
Врвна експресија на софистицираниот и неочекуван женствен мирис.
Рок на употреба (од отварање): 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Искуси ја хипнотизирачката привлечност на Prada Paradoxe во нова, полесна форма со Prada Paradoxe Hair Mist. Овој исклучителен мист за коса нуди нежна, но впечатлива интерпретација на авангардниот голем класик, овозможувајќи ти да ја прифатиш парадоксалната мултидимензионаност на Prada женственоста каде и да одиш.
Paradoxe Hair Mist ја доловува суштината на оригиналниот Eau de Parfum, реосмислувајќи го неговиот цветно-килибарен потпис во полесен, волшебен мирис. Пресврт на класичниот букет, тој остава меморијабилен и нежен мирис на косата, суптилен шепот на парадокс кој се задржува во текот на ценот. Збогатен со арганово масло, лесната формула не само што ќе и пружи мирис на косата, туку и ќе ја омекне, оставајќи ја со свиленкасто чувство.
Форматот од 30ml е одличен за во движење и за во твојата чанта, овозможувајќи ти да го освежиш мирисот и да додадеш доза елеганција од Prada каде и да те однесе денот. Шишето само по себе е изјава за вниманието на Prada кон деталите, содржејќи специфична пумпица за максимално распрснување на мистот и леден завршеток за нежно чувство на допир. Посветлата нијанса на џусот ја рефлектира воздушестата природа на мистот за коса.
Додека мистот нуди полесна интерпретација, тој оддекнува со нотите на Prada Paradoxe Eau de Parfum – свежа пупка од неролија, сензуална нота на килибар и интензивен бел мошус, создавајќи хармонично мирисно искуство. EDP, креација на Nadège Le Garlantezec, Antoine Maisondieu и Shyamala Maisondieu, ја слави повеќестраната природа на жените, прифаќајќи ги парадоксите на култните состојки за да открие нови мирисни сензации. Мистот за коса го продолжува тоа славење, нудејќи нежен, но сепак впечатлив начин да го искусиш потписот на Paradoxe.
Prada
Prada мирисите: поезија на парадокс.
Баш како на секоја Prada модна ревија, убавината лежи во контрадикторноста помеѓу емоцијата и рефлекцијата, познатото и непознатото, хармонијата и раздорот…
Бренд кој ги доловува вредностите на софистицираност и авангарден пристап со доза ексцентричност.
Prada ги усогласува креативноста, одговорноста и функционалноста, како би им овозможила на мажите и жените да ја истражуваат и изразуваат својата уникатност.










