Prada Paradoxe Triple Care Hand Cream крема за нега на раце, нокти и кутикули 50ml
3.620,00 ден
PRADA PARADOXE HAND, препознатливите цветно-килибарни ноти на мирисот Paradoxe, повторно осмислени во проивзод за нега за раце.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
PRADA PARADOXE HAND, нов хибриден третман со тројно дејство за нега на рацете, ноктите и кутикулите, како би го прифатила мултидимензионалниот парадокс на модерната жена, секогаш на дофат на рацете.
Препознатливите цветно-килибарни ноти, повторно осмислени во производ за нега на рацете. Свежа неролија се спојува со сензуален килибар и мошус, соединувајќи се со твојата кожа. Тројно негувачко дејство во една немасна текстура која брзо се впива: кожата е мека на допир, ноктите делуваат зацврстено, а кутикулите се хидрирани.
Оваа женствена мирисна крема за раце е повик одново да ја осмислиш негата за раце со препознатливиот мирис на Paradoxe. Никогаш иста, секогаш своја, без обѕир на тоа каде се наоѓаш. Препознатливиот Prada Paradoxe триаголник, повторно осмислен во нов формат погоден за движење. Исклучително посакуван, инстантно препознатлив, разиграно ергономски.
Нанеси заедно со твојот Paradoxe мирис за целосно обвивачко мирисно искуство.
Дерматолошки тестиран производ, погоден за чувствителна кожа.
Prada
Prada мирисите: поезија на парадокс.
Баш како на секоја Prada модна ревија, убавината лежи во контрадикторноста помеѓу емоцијата и рефлекцијата, познатото и непознатото, хармонијата и раздорот…
Бренд кој ги доловува вредностите на софистицираност и авангарден пристап со доза ексцентричност.
Prada ги усогласува креативноста, одговорноста и функционалноста, како би им овозможила на мажите и жените да ја истражуваат и изразуваат својата уникатност.









