-30%
PUPA Kit Vamp! Sexy Lashes маскара + Shock Plump сјај за усни
Original price was: 2.660,00 ден.1.865,00 денCurrent price is: 1.865,00 ден.
Маскара за спектакуларен волумен и зацврстувачки третман. Ултра тенок ајлајнер. Практичен несесер.
- Опис
- За брендот
Опис
ОПИС:
Vamp! Sexy Lashes 011 – Sexy Black (0.8g.)
Овозможи им на трепките екстремно сензуален изглед со Vamp! Sexy Lashes, неодоливо оружје за заводливост за опасно секси очи. Волумизира, подигнува и ги витка трепките. Заоблената четка со макси влакна обезбедува еднакво нанесување на производот, а долгите влакненца на дното, помагаат во механичко виткање.
Низок ризик од алергии
Офталмолошки тестирано
Погодна за чувствителни очи и лица со контактни леќи
Без парабени
Произведено во Италија
Рок на употреба (од отворање): 6 месеци
Shock Plump (5ml)
Усните се инстантно волумизирани и пополнети подолго време.
Shock Plump користи технологија од термоактивни состојки за да создаде двојна реакција на усните, стимулирајќи ја микроциркулацијата за super-shock ‘топло-ладно’ ефект.
Чили, кое има топол ефект, создава инстантно чувство на пецкање; нане, кое има ладен ефект, создава долготрајно разладувачко чувство.
Експлозивно комбо за усните кои се инстантно и видливо волумизирани и обоени со природна боја.
Супер сјајната текстура помага во зголемување на волумизирачкиот ефект со исклучителна тридимензионалност и усните изгледаат помазни и поеднакви.
Рок на употреба (од отворање): 6 месеци
Ултра мека торбичка што можеш да ја носиш со себе во секое време.
ФОРМУЛА:
Vamp! Sexy Lashes 011 – Sexy Black
Миксот од природни восоци – органски пчелин восок и Carnauba восок, обезбедуваат инстантен екстремен волумен. Иновативниот «Lash Sculptor» кросполимер поттикнува виткање за “push up” ефект. Специјалната смола ги одржува трепките совршено подигнати и извткани, за беспрекорна издржливост. Високиот процент на екстра црни микро пигменти гарантира интензивно и инстантно ослободување на бојата уште со првото нанесување. Органскиот шеа путер со негувачки својства, ги обвива трепките без да им отежнува, одржувајќи ги пополнети и флексибилни.
Shock Plump
Формулата базирана на вода брзо се суши и обезбедува течна и лесна текстура со супер леплив завршеток. Високиот процент на пигменти дава чиста и интензивна боја.
PUPA Milano
Pupa верува дека убавината е бесплатна експресија на нашата индивидуалност и автентичност. Брендот нуди висококвалитетни производи по пристапни цени. Благодарение на разновидноста и многубројните производи, брендот ги привлекува сите жени, охрабрувајќи ги да веруваат во себеси и правејќи да се чувствуваат специјално и едноставно прекрасно.
PUPA верува во позитивност и разнобоен свет, без предрасуди и стереотипи. PUPA е креативност, дизајн, трендови, и убавина произведена во Италија. Црвената боја го доловува духот на PUPA: црвена за страст, динамичност и виталност, црвена за енергијата да се развиваат нови форми на експресија секој ден.
PUPA е автентичност, емоција и страст. Секоја жена е PUPA жена.





