PUPA Shine Bright Jelly Lip Gloss илуминирачки светкав сјај за усни
Потхранува, хидрира и ги разубавува усните, правејќи ги меки, сјајни и илуминирани со прекрасен светкав ефект.
Иновативна, нежна желе текстура која се топи на усните, обезбедувајќи им нега и удобност, без чувство на лепливост.
Збогатен со златни микро бисери кои “ја фаќаат“ светлината.
ФОРМУЛА:
Со молекули на хијалуронска киселина со мала тежина, кои пенетрираат во горните слоеви на епидермисот со цел да обезбедат интензивна хидратација, за мазни усни.
Дерматолошки тестиран производ
Произведено во Италија
СОВЕТ:
Нанеси онолку често колку што ти е потребно за удобност на усните со прекрасен сјај. Користи го самостојно или како завршен слој врз молив за усни, за да додадеш доза сјајност на изгледот.
Рок на употреба (од отворање): 18 месеци
- За брендот
PUPA Milano шминка
Pupa верува дека убавината е бесплатна експресија на нашата индивидуалност и автентичност. Брендот нуди висококвалитетни производи по пристапни цени. Благодарение на разновидноста и многубројните производи, брендот ги привлекува сите жени, охрабрувајќи ги да веруваат во себеси и правејќи да се чувствуваат специјално и едноставно прекрасно.
PUPA верува во позитивност и разнобоен свет, без предрасуди и стереотипи. PUPA е креативност, дизајн, трендови, и убавина произведена во Италија. Црвената боја го доловува духот на PUPA: црвена за страст, динамичност и виталност, црвена за енергијата да се развиваат нови форми на експресија секој ден.
PUPA е автентичност, емоција и страст. Секоја жена е PUPA жена.





