PUPA Sunscreen Cream SPF30 крема за заштита од сонце за лице и тело 200мл

1.460,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 8011607361250

Чиста формула која не содржи микропластики и животински деривати.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

Комплетна заштита за кожата, истовремено целосно почитувајќи ги океаните. 
Формулирана без ОКСИБЕНЗОН, ОКТИНОКСАТ и ОКТОКРИЛЕН, во согласност со Хаваи, Флорида и Република Палау.

Активирана со Витамин Е. Ја штити убавината и еластичноста на кожата, спречувајќи оксидативен стрес.
Формулирана со Melastim Tech, за да стимулира производство на меланин.
Брз и интензивен тен.

Не е потребна масажа за нанесување. Континуирано 360° ослободување на производот. Инстантно се суши.

ЧИСТА ФОРМУЛА: Само функционални и неопходни состојки
НЕ СОДРЖИ МИКРОПЛАСТИКИ
НЕ СОДРЖИ ЖИВОТИНСКИ ДЕРИВАТИ

100% рециклирачки производ во отпад за рециклирана пластика.

Водоотпорен производ
Клинички и дерматолошки тестиран
Без парабени
Произведено во Италија 

ДЕЈСТВО:
Мешавината од совршено балансирани и фотостабилни филтри, гарантира комплетна заштита од УВА, УВБ и долги УВА зраци.
Најнова генерација активни состојки кои се спротивставуваат на штетното дејство на инфраред зраците.
Ексклузивната Melastim Tech, активна состојка која го стимулира природниот процес на производство на меланин, за побрз и поинтензивен тен.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Пред изложување на сонце, масирај на лицето, вратот и деколтето, додека производот комплетно не се впие.
Нанесувај почесто со цел да ја одржиш заштитата, особено по потење, пливање или комплетно сушење.

ВНИМАНИЕ: Нанеси поголема количина пред изложување на сонце, а потоа редовно нанесувај со цел да ја одржиш заштитата, особено по потење, пливање или по комплетно сушење. Користење помала количина од производот го намалува нивото на заштита. Не се задржувај многу долго на сонце, дури иако имаш нанесено заштитен фактор. Држете ги новороденчињата и малите деца подалеку од директна светлина. Прекумерното изложување на сонце претставува сериозен ризик по здравјето.

ОДРЖЛИВОСТ И РЕЦИКЛИРАЊЕ:
Промената не е избор, таа е неопходност. Брендот константно проучува алтернативни решенија за да го намали влијанието и да има што поголема почит кон средината.

Рециклирачки производ во отпад за рециклирана пластика.

PUPA Milano нега за кожа

Pupa верува дека убавината е бесплатна експресија на нашата индивидуалност и автентичност. Брендот нуди висококвалитетни производи по пристапни цени. Благодарение на разновидноста и многубројните производи, брендот ги привлекува сите жени, охрабрувајќи ги да веруваат во себеси и правејќи да се чувствуваат специјално и едноставно прекрасно.
PUPA верува во позитивност и разнобоен свет, без предрасуди и стереотипи. PUPA е креативност, дизајн, трендови, и убавина произведена во Италија. Црвената боја го доловува духот на PUPA: црвена за страст, динамичност и виталност, црвена за енергијата да се развиваат нови форми на експресија секој ден.
PUPA е автентичност, емоција и страст. Секоја жена е PUPA жена.