-30%
PUPA <3 Pennyblack – Vamp! Nail Polish миризлив лак за нокти со гел ефект 9ml
Price range: 465,00 ден through 660,00 ден
Mиризлив лак за нокти со гел ефект.
Рок на употреба (од отворање): 24 месеци
- Опис
Опис
Vamp! Nail Polish го содржи истиот мирис како Vamp! Eau de Parfum, за нежно парфимирани нокти со заводлив гел ефект.
Уникатната текстура нуди 3D ефект со екстремна сјајност.
Ноктите се волумизирани, со еднаков слој на боја и ултрасјајни со завршеток отпорен на лупење, со истите бои како PUPA <3 PENNYBLACK течниот трансформирачки кармин.
Високата концентрација на мирис во формулата им дава на ноктите нежен и долготраен мирис, кој се развива откако лакот ќе се исуши.
Пакувањето потсетува на минијатурна верзија на Vamp! Eau de Parfum и го имитира култниот облик на Vamp! маскарата.
Сплеснатиот апликатор со 300 заоблени влакненца и гарантира мазно и лесно нанесување и контролирано разнесување на производот.
Не содржи: толуен, формалдехид, DBP (дибитил фталат) и камфор
Дерматолошки тестиран
Произведено во Италија
ФОРМУЛА:
Специјалните смоли и високата концентрација на нитроцелулоза дозволува екстремно сјаен завршеток и целосен и униформиран слој боја со тридимензионален волумен, во споредба со полупостојаните лакови за нокти. Пластификаторите го прават лакот за нокти исклучително отпорен на лупење и нудат долготраен сјај. Високата концентрација на парфем во форма на есенција, совршено избалансирана со формулата, обезбедува нежен и долготраен мирис.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси Vamp! Base & Top Coat за да ги заштитиш ноктите и да ја зголемиш трајноста на Vamp! Nail Polish.
Нанеси слој од Vamp! Nail Polish.
Нанеси Vamp! Base & Top Coat за да поттикнеш сјај, трајност и парфем.
Дозволи секој слој убаво да се исуши.
Мирисот се развива откако бојата и base & top coat ќе се исушат.











