Redken NYC Extreme Play Safe зацврстувачки третман без одмивање за сите типови оштетена коса 250мл

2.050,00 ден

Погледни кошничка
Достапност: На залиха SKU: 3474637134693

Зацврстувачки третман со заштита од топлина.

Рок на употреба (од отварање): 12 месеци

Опис

ПРИДОБИВКИ:
Redken Extreme Play Safe е третман кој ја штити косата од топлина и ја зацврстува додека ти ја стилизираш. Одличен производ за секој кој често користи топлотни алатки за стилизирање на косата (фен, пегла, фигаро). Како третман со повеќе придобивки и нега без одмивање, науката ја користи моќта на растителните протеини и турмалинот за да ги заштити влакната, истовремено помагајќи во обнова на постоечките оштетувања и намалување на појавата на разделени врвови.

КЛУЧНИ ПРИДОБИВКИ:
• Ја намалува појавата на разделени врвови до 70%*
• Го зацврстува влакното за 28% помалку кршење
• Ја штити косата од топлина до 230°C

ОДРЖЛИВОСТ:

Redken recycled plastic icon  Направено од минимум 94% рециклирана пластика*

Redken renewable energy icon  Формула направена во фабрика која користи обновлива енергија**

 

*Освен капачето или пумпицата
**Во претходната календарска година. Пронајди повеќе информации на L’Oreal Universal Registration Document.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
ЧЕКОР 1: Подготви ја косата со миење со Redken Extreme шампонот и балсамот.
ЧЕКОР 2: Нанеси мала количина од производот на мокра коса, концетрирајќи се на кревката или оштетена должина и врвови. Не плакни.
ЧЕКОР 3: Стилизирај со топлотна алатка како и вообичаено. Extreme Play Safe ќе ја заштити косата од топлинско оштетување до 230°C

Redken

Redken е американски бренд за нега на коса во сопственост на L’Oréal Group, во рамките на одделот за професионални производи. Компанијата е основана во 1960 година од страна на Jheri Redding и Paula Kent, па оттука доаѓа и името “Red-ken.” Redken е пионер во „Научниот пристап кон убавината“ и го револуционираше бизнисот со професионални салони со воведување на концептот на протеинска регенерација и развој на нови производи на база на протеини, кои се подоцна патентирани. Основачката Paula Kent ја револуционизираше индустријата за професионална нега на коса и за стилисти и за клиенти. Нејзината посветеност на науката и нејзиниот пионерски дух помогнаа брендот да стане она што е денес.