Shiseido TSUTSU FUDE Concealer Brush четка за нанесување и блендање течен и кремаст коректор

2.530,00 ден

Погледни кошничка
Достапност: На залиха SKU: 729238161351

Четка за беспрекорно нанесување и блендање на течни и кремасти коректори.

Опис

Оваа четка во форма на цилиндар е специјално изработена за нанесување, тапкање и блендање на коректор над несовршеностите. Заоблена и конусна за да се вклопи на деловите под очите и други таргетирани места за мазен, беспрекорен и траен завршеток. Зајакната со Hidden Core технологија за умерен притисок при нанесувањето. Ергономскиот дизајн на рачката обезбедува максимална флексибилност и контрола при нанесување, така што можеш да создадеш прецизни или дифузирани и изблендани изгледи.

Изработена во Јапонија со легендарен квалитет и изработка.
Високоефикасни синтетички влакна (100% без животинско потекло).

КЛУЧНИ АТРИБУТИ:
Hidden Core технологија: Густо наредените влакна создаваат цврста внатрешност, која е опкружена од периметар на меки, флексибилни влакна за лесно блендање и завршеток без линии.

100% синтетички влакна: Компатибилна со сите типови текстура на шминка, без животинско потекло и дизајнирана да го задржи обликот со текот на времето.

Ергономски дизајн: Изработена совршено да “легне“ во дланката, модерниот дизајн овозможува контролирано нанесување.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Користи ја TSUTSU FUDE четката за коректор за да го изблендаш коректорот, или истапкаш коректорот или да ја надградиш покривноста онаму каде е потребна.

Shiseido

SHISEIDO е еден од најстарите и најпрестижни јапонски козметички брендови, основан во 1872 година. Брендот ја спојува јапонската традиција со најсовремените научни истражувања за да создаде високоефикасни производи за нега на кожа, шминка и парфеми. SHISEIDO е препознатлив по иновативните формули, луксузното искуство и посветеноста кон убавината што ја нагласува природната хармонија и сјај на кожата.