-25%

Valentino Donna Eau de parfum

Price range: 4.240,00 ден through 6.040,00 ден

SKU: 278

Мирисот e префинета нишка која ги поврзува Uomo и Donna. Како мал интригантен ѕвер, тој е еден од најскапоцените состојки употребени од креаторите на парфеми. Тој е изненадувачки комплексен, со огромен спектар на мирисни лица, со ранг на мирисни тонови од студени, земјени до топли темјаникови и пудресто кадифени граници. Во Donna апсорбирана е бојата на Розата при што изразува слатка и деликатна пудреста нијанса во најсветлите тонови на розевата боја. Кадифето се претвора во Кожа, нафрлувајќи познати секвенци од кожниот спектар на нотите на Uomo, иако сето тоа е изведено на потопол и поразигран начин кој се сплотува со богатата текстура на Ванила со цел создавање на раскошна подлога, пудресто сладуњава. Топлата тежина на базата има мал допир и од острината на необработено Пачули во контраст, му овозможува на мирисот никогаш да не ги премине границите на изразито сладуњавата територија. Од почетокот до самиот крај, Valentino Donna е задоволство да се носи.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Valentino

Valentino Garavani е еден од најголемите креатори во Италија. Глобално почитуван по неговите извонредни Couture креации и романтични тоалети од црвениот килим, тој ја освојува модната сцена и светот на мирисите. Во 1949 на само 17 години се сели во Париз за да ги реализира своите интереси во поглед на модата и се школува во најпрестижните школи своевремено. Во 1960та го запознава Giancarlo Giammetti со кого станува бизнис партнер. Во 1962 година е првата Couture ревија во Pitti Palace во Фиренца и е прифатена со воодушевување од критиката. Ова се смета за негов пробив и наскоро станува омилен на елитата. Апсолутна дизајнерска доминација воспоставува и на пазарот на мирисите. Партнерството со великаните Procter and Gamble престанува во 2010 година. Во истиот период започнува партнерството со една од најдоминантните компании на денешнината Puig со која продолжува да бележи успеси. На пазарот се лансирани 24 парфеми, во временска рамка од 1978 година до последниот во 2015година, со потпис на неговата компанија и по неговото повлекување од сцената.