Yves Saint Laurent All Hours Foundation течна пудра за лице

Price range: 4.250,00 ден through 4.410,00 ден

SKU: 1403

Опис:

Нова и подобрена YSL Beauty All Hours течна пудра, тен на кој можеш да се потпреш цел ден. Сега со унапредена формула, која ѝ овозможува на кожата да диши и која овозможува 24 часовна* целосна покривност со чувство на леснотија, исто како да немаш ставено ништо на кожата.

Новата формула е збогатена со хијалуронска киселина за хидратација преку целиот ден, но и со бенефити за кожата со користење од ден на ден. Докажано е дека кожата е помека, помазна и похидрирана*. Течната пудра All Hours сега е отпорна на допир, вода и пот. Тенот изгледа беспрекорно и свежо, со 24 часовен* природен сјаен мат резултат.

Откриј го системот на именување на YSL All Hours Foundation со 3 знаци, за полесно наоѓање на нијансата:

Првата буква го претставува тонот на кожата: светол (L), медиум (M) и темен (D).
Втората буква го претставува подтонот на кожата. Ладен (C): Твојата кожа има нијанси на розеви, сини или виолетови тонови. Неутрален (N): Твојата кожа има микс од топли и ладни тонови и тешко е за одредување. Топол (W): Твојата кожа има нијанси на праска или жолти тонови.
Третата бројка го претставува интензитетот на нијансата од 1-10.

*Потрошувачки тест по 2 недели на 111 жени во САД

Рок на употреба по отварање: 24 месеци

 

Yves Saint Laurent Шминка

Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година.  Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.