Yves Saint Laurent All Hours Hyper Bronze бронзер за лице
4.290,00 ден
All Hours Hyper Bronze, повеќенаменски бронзер за лице со постојаност до 24 часа кој дава природно исончан сјаен завршеток. Формула составена од 90% состојки за нега на кожа од природно потекло.
All Hours Hyper Bronze ги прикрива несовршеностите и го минимизира изгледот на порите, истовремено измазнувајќи ја кожата. Формула составена од:
– Хијалуронска киселина, за да ја одржува кожата удобна и мазна
– Ниацинамид, познат по придобивките за подобрување на кожата
– Лимета од YSL Beauty Ourika градината, позната по своите својства кои не ја сушат кожата
Бронзер кој овозможува беспрекорна апликација, без разлика дали го нанесуваш самостојно или врз течна пудра. Неговата мека и мат формула дава суптилен сјајен и бронзен тен на кожата, со постојаност и до 24 часа, без избледување. Повеќенаменски бронзер, наменет за сите типови и тонови на кожа.
Начин на користење:
За сјајна кожа, нанеси на целото лице. За контурирано лице, нанеси во пределот на јаболчниците, челото и долж линијата на вилицата.
Рок на употреба (од отворање): 24 месеци
- За брендот
Yves Saint Laurent Шминка
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.















