Yves Saint Laurent Couture Mini Clutch палета со 4 сенки за очи
Price range: 5.200,00 ден through 5.340,00 ден
Couture Mini Clutch палетата сенки со нијанса 02 Gueliz Dream содржи четири високо пигментирани сенки со nude и неутрално кафени нијанси. За совршено нагласени очи во текот на целиот ден.
Начин на употреба:
Cuture Mini Clutch е новиот моден предмет направен по желба на Yves Saint Laurent Beauté кој остава силен впечаток уште пред да го отворите.
Couture Mini Clutch е привлечна од самиот почеток. Самото пакување ја претставува луксузната црна класична Yves Saint Laurent ташна, додека веднаш препознатливата YSL Cassandre гордо стои на врвот во златна боја.
Елегантен, но со остар, кул и смел изглед, Couture Mini Cluth е местото каде улицата се среќава со модата. Секоја палета е составена со сенки од интензивни пигменти, за совршено нагласени очи во текот на целиот ден.
Формула збогатена со скапоцени масла за бестежинска удобност: масло од семе од кафе, масло од сладок бадем и кактус како и масло од смокви растени во YSL Beauté Ourika градината во недопрениот пејзаж на планините Атлас во Мароко.
Рок на употреба по отварање: 24 месеци
- За брендот
Yves Saint Laurent Шминка
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.















