Yves Saint Laurent Lash Clash travel size маскара за очи 5ml

1.630,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3614274403176

Драматичен волумен, интензивна црна боја и нега на трепките во практичен формат за патување.

Рок на употреба (од отворање): 6 месеци

Опис

Искуси ја трансформирачката моќ на Yves Saint Laurent Lash Clash во нијансата Overnoir Black, сега достапна во практично travel size пакување. Совршена за креирање драматичен поглед каде и да одиш, оваа couture маскара ќе ти обезбеди шокирачки волумен и интензивна црна боја во компактен, луксузен формат.
Lash Clash Overnoir Black не е само маскара, туку изјава. Иновативната масло-во-вода формула со восок инстантно ги задебелува трепките, ослободувајќи “гласен“ волумен. Двојната конусна четка со нејзините 260 ергономски влакненца, достигнува до секоја трепка, дури и до најкратката, и ја покрива со интензивна црна формула создавајќи прекрасен изглед од едниот крај до другиот.
Повеќе од само волумен, Lash Clash се грижи за твоите трепки. Формулата без парфем е збогатена со екстракт од ирис Florentina, познат по своите негувачки својства, и помага во одржување на трепките полни и прекрасни со текот на времето. Оваа посветеност на негата за трепки те осигурува дека твојот смел изглед е исто така и здрав, дури и кога патуваш.
Оваs travel-size верзија на Lash Clash Overnoir Black одлично се вклопува во твојот несесер за шминки, правејќи ја совршен придружник за освежување и креирање драматичен изглед во движење. Мазното црно пакување, украсено со впечатливо златно Cassandre лого, ја отсликува препознатливата елеганција на YSL во минијаурен формат. Lash Clash Overnoir Black (Travel Size) е повеќе од само маскара, таа е неопходност за патување, овозможувајќи ти да го ослободиш твојот најдраматичен поглед без разлика каде авантурата ќе те однесе.

Yves Saint Laurent Шминка

Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година.  Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.