Yves Saint Laurent Make Me Blush Blurring Blush руменило
Price range: 3.370,00 ден through 3.480,00 ден
Лесно, надградливо руменило за приспособлив наплив од боја, од суптилен до интензивен изглед.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Искуси ја возбудата на инстантна боја со Yves Saint Laurent Make Me Blush Bold Blurring Blush. Дизајнирано за оние кои бараат наплив од боја, ова иновативно руменило обезбедува лесно, удобно чувство и неспоредлива надградливост, овозможувајќи ти безнапорно да преминеш од суптилен и природен завршеток, во смел, интензивно-скулптуриран изглед. Без разлика дали бараш суптилност или драматичност, Make Me Blush се адаптира на твојот посакуван интензитет, преку ден или навечер.
Тајната лежи во иновативната пудреста технологија на YSL. Оваа ултра-нежна, мазна, но сепак концентрирана текстура е неверојатно лесна, обезбедувајќи впечатлива боја без чувство на тежина. Збогатено со сквален, свиленкастото руменило ги замаглува порите и несовршеностите, создавајќи беспрекорен, 24 часовен завршеток. Формулата отпорна на пот, ќе обезбеди живописна боја во текот на целиот ден. Во меѓувреме, шипинката богата со антиоксиданти, набрана од YSL Ourika Community Gardens, ја хидрира и измазнува кожата за изглед со здрав сјај.
Make Me Blush нуди асортиман со завршетоци за секое расположение и прилика.
Мат нијансите (57, 54, 87, 06) креираат заматен изглед, совршен за природен завршеток без сјај.
Нијансите со сатинест сјај (93, 12) нудат суптилен блескав сјај кој ја зголемува природната блескавост на кожата, без вишок сјај.
Секој завршеток може да се надгради и меша, со цел бесконечна прилагодливост – од дискретна елеганција, до впечатлива драма.
Луксузниот дизајн дополнително придонесува за целокупното искуство. Секоја нијанса е вметната во луксузно пакување во истата боја, украсено со култното YSL Cassandre лого во златна боја втиснато на кожено пакување, комплетирано со препознатливата chevron текстура.
Повеќе од шминка, Make Me Blush Bold Blurring Blush е колекционерски додаток, изјава за посветеноста на YSL Beauty кон луксузот и иновацијата.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси на образите за природен изглед или скулптурирај ги јаболчиците за редефиниран изглед.
Yves Saint Laurent Шминка
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.





















