Нема на залиха
Yves Saint Laurent Y део стик за мажи
2.980,00 ден
Парфемот Y претставува интензитет, свежина и мажественост. Легендарниот творец на мирисот Dominique Ropion се одлучи за структурата fougèrea, една од најбројните во машките мириси. Fougère е во контрасна игра со освежителни цитрусни и ароматични ноти, на кои се отвараат сензуални и древенасти ноти.
Мирисот отвара експлозивен, освежувачки и слаткасто-лут дует на бергамот и ѓумбир, чија свежина е нагласена со слатка овошна нота на зелена јаболка.
Жалфијата и боровницата во комбинација со нане му даваат на мирисот моќна мажествена нота. Во базните ноти се прелева силен интензитет и изразена сензуалност и мажественост, со додаток на дрвенести килибарни ноти кои ја нагласуваат нотата на темјан и тонка зрно.
- За брендот
Yves Saint Laurent
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.







