Yves Saint Laurent Top Secrets Instant Moisure Glow флуид за навлажнување на кожата пред шминка 40мл
4.290,00 ден
Top Secrets Instant Moisture Glow од Yves Saint Laurent е навлажнувачки флуид, третман за совршeна припрема на кожата пред нанесување на шминка. YSL Beauté знае дека секоја жена треба да започне со совршена основа за беспрекорен изглед во текот на целиот ден. Решението на YSL e Top Secrets, нова тајна за нега на кожа која има ултра-лесна текстура која го измазнува лицето и ѝдава хидратација на кожата до 72 часа. „Top Secrets Instant Moisture Glow има ултра лесна текстура за невидлива основа. За неколку секунди кожата го прифаќа чувството на мекост на сатен“ – Lloyd Simmonds директор на YSL Beauté.
Нанесен на целото лице пред шминкање, Instant Moisture Glow инстантно ја хидрира кожата и ја задржува влагата. Нанесен во текот на денот, нуди излив на хидратација во движење, за да ја остави кожата да изгледа сјајна.
Еден рационализиран производ, за жената која сака сѐ и нема време за чекање.
Начин на употреба:
Нанесете од производот на целото лице пред нанесување на шминка, или нанесете го самостојно како крема за целосна хидратација во текот на целиот ден.
Главни придобивки од производот:
Моментална хидратација, измазнување на кожата
Рок на употреба по отварање: 12 месеци
- За брендот
Yves Saint Laurent Шминка
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.





