Yves Saint Laurent Top Secrets – мат база за лице
2.610,00 ден
Опис:
Ултра-лесна матирачка нега за свежа кожа без пори со врвен комфор. Ултра лесен крем за лице со салицилна киселина, дизајниран за употреба пред да нанесете шминка, Top Secrets Instant Matte Pore Refiner работи на намалување на изгледот на порите и го контролира лачењето на себум, за да ви овозможи кожа без сјај со мат ефект и природен свеж лик на лицето. Вашата кожа ќе се чувствува пријатно преку текот на целиот ден со или без шминка.
Начин на употреба:
Нанесете го по вашата дневна рутина за чистење на лицето на места на кои имате масна кожа и видливи пори на лицето. Може да се користи на целото лице доколку имате масна кожа кожа. Може да се користи и по нанесување на шминка на делови за кои сакате да го отстраните сјајот.
Рок на употреба по отварање: 12 месеци
- За брендот
Yves Saint Laurent Шминка
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.






