Yves Saint Laurent Touche Éclat Awakening Concealer Click Pen илуминатор за лице 2.5ml
3.140,00 ден
Хибриден коректор за лесна покривност и осветлување кој ги буди подочниците и тенот, за свежа и осветлена кожа со еден клик.
Рок на употреба по отварање: 6 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
ЗА ШТО СЕ РАБОТИ:
Хибриден коректор за лесна покривност и осветлување кој ги буди подочниците и тенот, за свежа и осветлена кожа со еден клик.
Покривност: Лесна
Завршеток: Сјаен
Формулација: Течна
Тип на кожа: Сите типови кожа
ШТО ПРАВИ:
Овој култен омилен коректор во пенкало, содржи вградена четка со меки влакна за 12 часовен сјаен завршеток, кој е како втора кожа и не се набира во фините линии. Може да се носи самостојно за секојдневен no makeup makeup изглед или како последен чекор за инстантно осветлување и илуминирање на кожата.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Носи го самостојно за секојдневен no makeup, makeup изглед или како последен чекор за инстантно осветлување и илуминирање на кожата.
Коригирај: нанеси под очите и секогаш кога имаш црвенило, за корекција и осветлување.
Осветли: нанеси под очите и на високите точки на лицето за инстантно осветлување на кожата.
Yves Saint Laurent Шминка
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.









