Sale

Yves Saint Laurent Vernis A Levres Vinyl Cream – течен кармин за усни

Original price was: 2.570,00 ден.Current price is: 1.350,00 ден.

SKU: 1181

Опис:

Течна боја за усни со висока покривна моќ, сјај, удобност и целодневна трајност. Vinyl Cream ги “облекува” усните со целосна покривност од боја и висок сјај. Апликаторот во форма на дијамант овозможува перфектно контурирање на усните а бојата се лизга подеднакво само со еден потег. Кремастата формула овозможува 10 часовна трајност и неодолива, целодневна удобност.

Начин на употреба:

Користете го остриот дел од апликаторот за да нанесете од врвот на усните кон краевите. Рамната страна од апликаторот користете ја за да ги пополните усните во средишниот дел.

Рок на употреба по отварање: 12 месеци

 

Yves Saint Laurent Шминка

Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година.  Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.