Yves Saint Laurent Touche Éclat Blur Primer илуминирачки прајмер кој ги заматува несовршеностите 30ml
3.950,00 ден
Опис:
Touche Elcat Blur Primer ја подготвува кожата за нанесување na течната пудра, создавајќи подобрен, рафиниран изглед: порите се минимизирани, текстурата на кожата се чувствува помазна, а тонот на кожата е порамномерен. Тој е збогатен со четири хранливи масла – масло од пченка, масло од семки од кајсија, масло од пасифлора и масло од оризови трици – за да ја остави кожата да се чувствува неверојатно мека без масни остатоци. Направен со технологија која ги покрива несовршеностите, овој универзален прајмер обезбедува суптилен, златен сјај за врвна сјајност. Прва база со прозрачен сјај која е наменета за сите типови и тонови на кожата.
Начин на употреба:
Прајмерот може да се нанесе како подлога пред нанесување на течна пудра, или да се користи самостојно како би се елиминирале несовршеностите на лицето, а да се зголеми природната сјајност на кожата.
Нанесете една пумпа прајмер на задниот дел од раката.
Со помош на четка или прсти, нанесете со нежни движења почнувајќи од средишниот дел на лицето кон надвор.
Оставете 10 секунди да се впие во кожата пред да ненесете течна пудра.
Рок на употреба по отварање: 12 месеци
- За брендот
Yves Saint Laurent Шминка
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.








