LUMINOUS SILK обезбедува 24 часа* трајност и природен сјај во текстура која не се чувствува и која се топи на кожата.

Инспирирана од високата мода на Armani, Liquid Silk технологијата ја доловува бестежинската совршеност на свилата, за да открие мазен и блескав завршеток.

Оваа течна пудра со средна покривност ги замаглува порите, ги измазнува несовршеностите и го изедначува тенот со текстура слична на кожата. Сега збогатена со ниацинамид, глицерин и екстракти од медитерански цвеќиња, формулата обезбедува 24 часовна хидратација** и подобрена сјајност и текстура на кожата за 14 дена*.

Реосмислена палета на нијанси, со уште подобро совпаѓање на боите благодарение на 6 нови пигменти во формулата. Овој производ е некомедоген и тестиран под дерматолошки надзор. Одговара на сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна, масна кожа и кожа склона кон акни.

"Омилена на makeup артистите, но и на љубителите на убавината, LUMINOUS SILK FOUNDATION се бленда како сон и совршено ја нагласува природната убавина без чувство како да носиш маска. Нејзиниот сјаен завршеток и разновидност, ја прават must-have во секој несесер." - Hiromi Ueda, глобална makeup артистка за Armani

*Потрошувачки тест на 106 волонтери
**Инструментален тест на 24 волонтери