
Запознај се со Valentino Vendetta за него и за неа
Valentino Beauty го претставува своето прво престижно мирисно дуо по шест години – сагата Vendetta, која со своето име му оддава почит на култното наследство на куќата и мирисот лансиран во 1991 под водство на Valentino Garavani.
Во време на перформативна и алгоритамска љубов, ова дуо носи поврат на автентичноста преку топли бои, силен карактер и мириси кои ги слават нескротливите чувства. Амбасадорите Dakota Johnson и Alexander Skarsgård отелотворуваат бунтовен пар воден од чист инстинкт и нескротлива слобода. Vendetta Donna и Vendetta Uomo се две контрастни, но магнетски поврзани композиции, кои претставуваат незапирливо “ние против светот“ бегство од конвенционалната монотонија.
Дизајниран за жената со силен карактер, овој впечатлив мирис од реномираните парфимери Dominique Ropion и Andrew Everett ја слави современата женственост. Се отвора со сочен нектар од црвен портокал и суптилна солена нота, додека во срцевината доминира ексклузивниот екстракт од тубероза Osmobloom која носи кремаст и интензивен мирис на цветот во зора. Во базата се развива топло и млечно сандалово дрво, оставајќи зад себе длабока, интимна и исклучително привлечна дрвенеста трага на кожата. Мирис кој е создаден за жената која не се плаши да се чувствува интензивно, избирајќи ја страста како свој свесен и слободен избор.
Креиран од страна на реномирана мастер парфимерка Marie Salamagne, Vendetta Uomo носи смела игра на спротивности преку нагласени текстури и контрасти. Почетните ноти носат експлозија од интензивна свежина во која се спојуваат пикантен, свеж ѓумбир од Перу и вибрантни италијански цитруси. Во срцевината на мирисот доминира интригантен акорд на ликер од цимет, збогатен со мешавина од топли зачини, создавајќи исклучително привлечна енергија. Харизматичната длабочина ја обезбедува сировата есенција од пачули, проткаена со топли дрвенести тонови, кои на кожата оставаат исклучително долготрајна и мажествена трага.
Овој септември, купи го твојот Vendetta мирис и добиј подарок!


