Acqua Dell’Elba спреј мирис за просторија Cala del Fico 100ml

SKU: 8032758538353

Мирисна хармонија која ја доловува суштината на бескрајното лето, каде светло зелената вегетација се спојува со длабокото сино море. Инспириран од овие пејзажи, Cala del Fico го пренесува чудото на медитеранските лета во мирисни ноти.

За брендот:
Добредојде во Acqua dell’Elba – занаетчиска колекција на мириси кои веднаш те телепортираат до еден од најнезаборавните и најубави места на Земјата – островот Елба.
По својата убавина често се нарекува бисер на Тосканскиот архипелаг, овој древен остров е познат по планините богати со минерали, цвеќиња, цитрусните овошја и медитерански грмушки кои растат низ целиот остров и секако тиркизно-зеленото море што го опкружува. Глетките, звуците и мирисот на ова сакано место служат како единствена инспирација за колекцијата на Acqua dell’Elba мирисите, мирисите за тело, како и мирисните производи за бања и дом. Основачите на Acqua dell’Elba се Фабио Мурзи (Fabio Murzi), неговата сестра Кјара (Chiara) и Марко (Marco), сите родени и израснати на Елба. Уште од детството, нивната заедничка мисија била да создадат соодветно наследство за местото што го сакаат. Од оваа длабока страст за својата татковина, триото го создаде Acqua dell’Elba, современ бренд со седиште во Тоскана кој преку своите мириси ја слави богатата историја и природната убавина на Елба. Секој мирис од колекцијата на Acqua dell’Elba е направен на Елба, во сопствените лаборатории и фабрики и од талентирананиот тим на вработени кои живеат на островот.

Опис

Скриено катче на медитеранското крајбрежје, каде времето забавува, а природата се изразува со своите најинтензивни ароми. Cala del Fico е сетилно прибежиште исполето со сонце и арома на непогрешливата сладост на зрелите бодликави круши, патеки галени од морскиот ветер. Мирисна хармонија која ја доловува суштината на бескрајното лето, каде светло зелената вегетација се спојува со длабокото сино море. Инспириран од овие пејзажи, Cala del Fico го пренесува чудото на медитеранските лета во мирисни ноти. Крушата и розевиот грејпфрут ја отвораат композицијата со експлозија на свежина и виталност, а потоа отвораат пат за сочната сладост на зеленото јаболко и црвените бобинки, за овошна и блескава доза.

ГРУПА НА МИРИС:
Овошен

МИРИСНИ НОТИ:
Розев грејпфрут, круша, зелено јаболко, црвени бобинки, морски дрва.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Практичен освежувач на простории во спреј, кој инстантно ги елиминира непријатните мириси и брзо го враќа чувството на свежина во просторијата. Совршен за чување на дофат на рака, подготвен за употреба, да им се спротивстави на мирисите од готвењето,чад и застоен воздух во затворени простории.
Идеален за користење во затворени простории како што се, лифт, бањи итн.
Не прскај директно на површини или облека.
Може да се комбинира со собен дифузер или свеќа од истиот мирис за засилување на мирисот.

КОНЦЕНТРАЦИЈА:
10-20% есенцијални масла
80-90% алкохол

Acqua Dell'Elba