Sale

Acqua Dell’Elba миризлива свеќа Fiori

Price range: 2.090,00 ден through 6.835,00 ден

SKU: 778-1-2

Бескрајното поле со диви цвеќиња го исполнува воздухот со нивните мириси, додека благиот ветар те потсетува дека соленото море никогаш не е далеку. Fiori ја доловува цветната хармонија на мирта и јасмин, кои ги исполнуваат ридовите на ова крајбрежно село. Fiori е симфонија на пролетта, нежна цветна прегратка која евоцира прошетка во тајна градина со поглед на Медитеранот. Мирисите на цвеќињата галени од сонцето се спојуваат со морското ветре, создавајќи мирисна композиција која ги буди твоите сетила. Мирисите на цистус и медитерански цветни грмушки го комплетираат букетот, надополнувајќи го мирисот со мистерија и топлина.

За брендот:
Добредојде во Acqua dell’Elba – занаетчиска колекција на мириси кои веднаш те телепортира до еден од најнезаборавните и најубави места на Земјата – островот Елба.
По својата убавина често се нарекува бисер на Тосканскиот архипелаг, овој древен остров е познат по планините богати со минерали, цвеќиња, цитрусните овошја и медитерански грмушки кои растат низ целиот остров и секако тиркизно-зеленото море што го опкружува. Тоа се глетките, звуците и мирисот на ова сакано место кои служат како единствена инспирација за колекцијата на Acqua dell’Elba мирисите, мирисите за тело, како и мирисните производи за бања и дом. Основачите на Acqua dell’Elba – Фабио Мурзи (Fabio Murzi), неговата сестра Кјара (Chiara) и нејзиниот зет Марко (Marco) – сите родени и израснати на Елба. Уште од детството, нивната заедничка мисија била да создадат соодветно наследство за местото што го сакаат. Од оваа длабока страст за својата татковина, триото го создаде Acqua dell’Elba, современ бренд со седиште во Тоскана кој, преку своите мириси, ја слави богатата историја и природната убавина на Елба. Секој мирис од колекцијата на Acqua dell’Elba е направен на Елба, во сопствените лаборатории и фабрики и од талентирананиот тим на вработени, кои живеат на островот.

Опис

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Од безбедносни причини, препорачуваме да ја чуваш свеќата подалеку од дофат на деца и животни. Не оставај запалени свеќи без надзор. Чувај ги исправени на површина отпорна на топлина, подалеку од запаливи материјали.
Не го пали производот ако стаклото е оштетено и оставај 10 см растојание помеѓу запалените свеќи. Провери ја должината на фитилот при секое користење, кој мора да биде 1 см. Кога восокот ќе достигне 1 см од дното, се смета дека е производот е целосно искористен. Не се препорачува користење на свеќата со постојаност повеќе од 4 часа.

МИРИСНИ НОТИ:
Scotch broom (градинарско растение од Европа кое лесно ги напаѓа сончевите области и полиња), мирта, јасмин, цитрус и дрвенести ноти на медитерански грмушки.

ВРЕМЕ НА КОРИСТЕЊЕ:
180g. – Времетраење до 40 часа
425g. – Времетраење до 70 часа
1260g. – Времетраење до 130 часа

Acqua Dell'Elba

Добредојде во Acqua dell’Elba – занаетчиска колекција на мириси кои веднаш те телепортираат до еден од најнезаборавните и најубави места на Земјата – островот Елба.
По својата убавина често се нарекува бисер на Тосканскиот архипелаг, овој древен остров е познат по планините богати со минерали, цвеќиња, цитрусните овошја и медитерански грмушки кои растат низ целиот остров и секако тиркизно-зеленото море што го опкружува. Глетките, звуците и мирисот на ова сакано место служат како единствена инспирација за колекцијата на Acqua dell’Elba мирисите, мирисите за тело, како и мирисните производи за бања и дом. Основачите на Acqua dell’Elba се Фабио Мурзи (Fabio Murzi), неговата сестра Кјара (Chiara) и Марко (Marco), сите родени и израснати на Елба. Уште од детството, нивната заедничка мисија била да создадат соодветно наследство за местото што го сакаат. Од оваа длабока страст за својата татковина, триото го создаде Acqua dell’Elba, современ бренд со седиште во Тоскана кој преку своите мириси ја слави богатата историја и природната убавина на Елба. Секој мирис од колекцијата на Acqua dell’Elba е направен на Елба, во сопствените лаборатории и фабрики и од талентирананиот тим на вработени кои живеат на островот.