Acqua Dell’Elba спреј мирис за просторија Isola di Montecristo 100ml

SKU: 8032758531705-1

Инспириран од својата дива убавина, Isola di Montecristo е совршен спој за оние кои сакаат да се изгубат во моќната прегратка на природата.

За брендот:
Добредојде во Acqua dell’Elba – занаетчиска колекција на мириси кои веднаш те телепортира до еден од најнезаборавните и најубави места на Земјата – островот Елба.
По својата убавина често се нарекува бисер на Тосканскиот архипелаг, овој древен остров е познат по планините богати со минерали, цвеќиња, цитрусните овошја и медитерански грмушки кои растат низ целиот остров и секако тиркизно-зеленото море што го опкружува. Тоа се глетките, звуците и мирисот на ова сакано место кои служат како единствена инспирација за колекцијата на Acqua dell’Elba мирисите, мирисите за тело, како и мирисните производи за бања и дом. Основачите на Acqua dell’Elba – Фабио Мурзи (Fabio Murzi), неговата сестра Кјара (Chiara) и нејзиниот зет Марко (Marco) – сите родени и израснати на Елба. Уште од детството, нивната заедничка мисија била да создадат соодветно наследство за местото што го сакаат. Од оваа длабока страст за својата татковина, триото го создаде Acqua dell’Elba, современ бренд со седиште во Тоскана кој, преку своите мириси, ја слави богатата историја и природната убавина на Елба. Секој мирис од колекцијата на Acqua dell’Elba е направен на Елба, во сопствените лаборатории и фабрики и од талентирананиот тим на вработени, кои живеат на островот.

Опис

Мистерија. Магија. Заведување. Овој мирис го отелотворува амбиентот на романот на Александар Дума, Грофот на Монте Кристо. Неговиот дрвенест мирис те мами со уникатни меки ноти од смрека и роза и интензивни ноти на кожа и тутун. Скриена патека низ природата води до древен и заштитен свет, каде секоја нота го носи ехото на античките приказни, повикот на авантурата и мирисот на отворено море. Инспириран од својата дива убавина, Isola di Montecristo е совршен спој за оние кои сакаат да се изгубат во моќната прегратка на природата.

ГРУПА НА МИРИС:
Зачинет

МИРИСНИ НОТИ:
Боровинка, чемпрес, ирис, јасмин, рози, примеси на кожа и тутун, ноти на шумски мирис и смола од медитеранскиот предел, со примеси на темјан и арбутус.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Практичен освежувач на простории во спреј, кој инстантно ги елиминира непријатните мириси и брзо го враќа чувството на свежина во просторијата. Совршен за чување на дофат на рака, подготвен за употреба, да им се спротивстави на мирисите од готвењето,чад и застоен воздух во затворени простории.
Идеален за користење во затворени простории како што се, лифт, бањи итн.
Не прскај директно на површини или облека.
Може да се комбинира со собен дифузер или свеќа од истиот мирис за засилување на мирисот.
Концентрација:
10-20% есенцијални масла
80-90% алкохол

Acqua Dell'Elba

Добредојде во Acqua dell’Elba – занаетчиска колекција на мириси кои веднаш те телепортираат до еден од најнезаборавните и најубави места на Земјата – островот Елба.
По својата убавина често се нарекува бисер на Тосканскиот архипелаг, овој древен остров е познат по планините богати со минерали, цвеќиња, цитрусните овошја и медитерански грмушки кои растат низ целиот остров и секако тиркизно-зеленото море што го опкружува. Глетките, звуците и мирисот на ова сакано место служат како единствена инспирација за колекцијата на Acqua dell’Elba мирисите, мирисите за тело, како и мирисните производи за бања и дом. Основачите на Acqua dell’Elba се Фабио Мурзи (Fabio Murzi), неговата сестра Кјара (Chiara) и Марко (Marco), сите родени и израснати на Елба. Уште од детството, нивната заедничка мисија била да создадат соодветно наследство за местото што го сакаат. Од оваа длабока страст за својата татковина, триото го создаде Acqua dell’Elba, современ бренд со седиште во Тоскана кој преку своите мириси ја слави богатата историја и природната убавина на Елба. Секој мирис од колекцијата на Acqua dell’Elba е направен на Елба, во сопствените лаборатории и фабрики и од талентирананиот тим на вработени кои живеат на островот.