-30%
Ajmal Aristocrat Eau de parfum for men
Original price was: 4.910,00 ден.3.440,00 денCurrent price is: 3.440,00 ден.
Софистициран парфем кој открива раскош, моќ и елеганција. Овој мирис евоцира социјален успех и е наменет за мажите кои сакаат да уживаат во благородната надмоќ на потентните и привлечни состојки. Нотите на свежиот цитрусен бергамот и лубеницата навлегуваат во мошусната срцевина која “лежи“ на дрвенесто-килибарна основа, кој отелотворува декадентна луксузност со долготрајна и смела трага.
- За брендот
Ajmal
Приказната за основачот на Ajmal, Late Haji Ajmal Ali, е вистинска инспирација. Роден во фамилија на огледувачи на ориз во мало село во Индија, тој од рана возраст сфаќа дека земјоделството нема да обезбеди доволно за него и неговата фамилија. Откако слушнал за трговијата на Oud и како таа може да ги промени работите за опстанок, решава да ја предизвика својата судбина и со оваа одлука ќе ги постави темелите за Ajmal. Во 1951 година се сели во Мумбаи и ја отвора својата прва продавница. Останатото е историја. Со чесна и макотрпна работа, искреност и посветеност, тој полека и стабилно го гради својот бизнис. Ajmal во својата 60 годишна историја на креирање мириси ја совладува уметноста на правење парфеми и зазема уникатна нишка во светот на парфимеријата во Блискиот Исток. Денес, Ajmal е регионален корпоративен ентитет со богато портфолио од едни од најдобрите мириси во светот.







